Оброци за подобра хормонална рамнотежа

0

Правилното комбинирање на намирниците и нивната разновидност е клуч за правилното функционирање на тироидната жлезда.

Со следното еднодневно мени можете да ја зајакнете тироидната жлезда.
Добро избалансираните оброци треба да состојат доволно хранливи материи и природна енергија, но исто така и заштита на воспалителниот процес и хормонален дисбаланс.

Доктор Лејла Кажиниќ Крехо во својата книга „Со храна до здрава тироида“ го предлага следново мени:

Појадок: киноа со јаболко, цимет и ораси + чаша свежо цеден од од ананас;

Состојки: (за 1 личност)
– 70 кг киноа;
– оризово млеко – додадете на крајот на готвењето;
1/2 лажички сува брусница;
– 1/2 зелено јаболко, рендано;
– 1 лажичка сецкани бадеми;
– 1 лажичка мешани семки (сусам, сончоглед, тиква);
– гранче од цимет;

Подготовка:
Во тава ставете киноа и додајте дупла количина на вода, потоа оставете ја да врие 15 минути. Кога киноата ќе биде готова додадете сува брусница и млеко, 1-2 минути нека вријат задно. Кога смесата малку ќе се олади, додајте го ренданото јаболко, бананата, циметот и медот и се добро промешајте. Потоа, декорирајте го оброкот со семки и ореви и сервирајте.
jabolka-2Ручек: Чорба од граф со морски алги


Состојки: ( за 4 личности)
– 100 гр овесни снегулки;
– 2 лажички морски алги;
– 50 гр леблебии;
– 150 гр црвен или бел граф;
– 2 главици несецкан лук;
– 1 лажица куркума;

Подготовка:
Леблебиите и гравот ставете ги во вода и оставете ги во текот на ноќта. Во садот каде што ќе ја подоготвувате чорбата додајте го лукот, гравот и овесните снегулки, потоа на овие состојќи додадете врела вода. На крај додајте ја куркумата.
Чорбата нека врие околку 1 час. Измијте ги морските алги и додајте ги во чорбата, а потоа оставете да вријат заедно уште 10 минути. По желба, на чорбата може да и додате малку црвен пипер и свежо сецкан лук.

Пријатно јадење и уживајте во здравиот оброк.
Beans

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.