Обои го градот со Среќа- работилница со Свами Ваишампајан

0

Се што правиме во животот е за да бидеме среќни – учиме за да имаме подобра работа, работиме за да имаме подобар живот …и се така…листата е бесконечна. Во оваа трка сепак се забораваме самите себеси – а токму ние сме тој извор на среќа.
Овој мај ја поттикнуваме среќата во нас самите и во нашето маало, на работа, со семејството и секаде кај што ќе стигнете.
Од 12 до 14 мај дојди со цело друштво и биди дел од најмасовниот Хепинес семинар и тоа под водство на мистичниот СВАМИ ВАИШАМПАЈАН

Семинарот ќе биде воден лично од Свами Ваишампајан, исклучителна личност која со својот ентузијазам и хумор на инспиративен начин умее да ја сподели мудроста на древната традиција на јогата и медитацијата и тоа во контекст на модерниот начин на живеење. Свами Ваишампајан е искусен и светски признаен учител за медитација и јога од невладината фондација The Art of Living, а во Европа ги има пренесено стрес менаџмент техниките во преку десетина земји.

Она што го прави Happiness семинарот уникатен е токму комбинацијата од практични алатки за справување со стресот и мудрост за справување со умот. Семинарот е мултидисциплинарен и освен тоа што содржи лесни јога вежби  им овозможува на практикантите да учествуваат во групни процеси преку кои рефлектираат и освестуваат одредени свои ментални обрасци, динамични и интерактивни вежби и сл.
На Happiness семинарот ќе научите:

  • Техники на дишење кои ви даваат енергија и ја зголемувата виталноста, го намалуваат стресот, ги балансираат телото и умот и ја прошируваат свесноста и способноста за перцепција и делување;
  • Учиме како да се носиме со сопствениот ум – mind management;
  • Јога вежби кои ја подобруваат флексибилноста на телото, го стимулираат ендокриниот и имуниот систем и го оддржуваат телото и умот во состојба на опуштеност;
  • Индивидуални и групни процеси за изнаоѓање на ефективни стратегии за справување во ситуации под притисок било во секојдневниот живот или на работа;
  • Зголемена концентрација и самодоверба;
  • Сударшан крија е главната техника базирана на ритмично дишење која ја полни секоја наша клетка со кислород и енергија и го ослободува телото и умот од било какви чувства на тензија или пак ригидни ментални концепти;
  • Сударшан Крија може да се практицира и по завршувањето на семинарот, а бенефитот е долготраен.

Термин:

  • Три часа во текот на три дена.
  • 12 – 14 мај

Во продолжение слушнете го искуството што неколку познати личности го споделуваат и кои биле дел од Хепинес семинарот.


Пријавување и повеќе информации ТУКА!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот