Обликот на чашата влијае врз брзината на пиењето

0

Британските научници од бристолскиот универзитет веруваат дека обликот на чашата влијае на брзината со која пијат луѓето. Според нив луѓето многу побрзо пијат од заоблените чаши отколку од рамните, а тоа се должи на тоа што заобленото стакло го отежнува правилниот ритам на пиењето.

Во истражувањето учествувале 159 жени и мажи кои пиеле пиво и сок. Сите чаши содржеле еднаква количина течност, околу половина литар, но некои биле заоблени, а некои рамни. Кај безалкохолните пијалаци немало разлика. На испитаниците им биле потребни 7 минути да ја испразнат чашата без оглед на нејзиниот облик. Ама, кај оние кои пиеле пиво се појавиле значителни разлики. На оние кои го пиеле пивото од заоблени чаши им биле потребни 7 минути за да ја испразнат чашата, а на оние кои пиеле од рамни чаши им требале 11 минути.

glasses_beer_brand_transparency_white_foam

Ова не е прво истражување во кое се докажало дека обликот на чашата влијае на количината алкохол кога пијат луѓето. Едно истражување од 2005 година покажало дека луѓето сипуваат и пијат повеќе алкохол во ниски и широки чаши отколку во тесни и високи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.