Објавена целосната програма на Fashion & Lifestyle Expo!

0

Немојте да бидете самo набљудувач…

Сте размислиле ли како вашите секојдневни избори се одраз на вашите вредности, ставови, идеологија? Како тие влијаат на вашата приказна? Кои се финесите кои го прават вашиот животен стил? Не го пропуштајте првиот настан наменет за оние кои се во потрага по извонредност.

Како шлаг на тортата, организаторите подготвија внимателно одбрана, невообичаена програма која 100% ќе ви го задржи вниманието. Секоја од работилниците е своја приказна, а сите заедно се само мал дел од приказната наречена животен стил. Одберете која е за вас, и заокружете си во календарот… Што е до нас, би останале на сè 🙂

 А дали ќе бидете само набљудувачи, или сте луѓе од акција, оставаме на вас. Пријавувањата се во тек, ОВДЕ. …оние поактивните, може да си добијат и награди 😉

18.03.2016 Петок, ОТВОРАЊЕ

20:00 Filip Stevanovski Trio

21:00 Live Show

22:00 DJ Boogieman

19.03.2016, Сабота

12:00 – Култура – Патување и животен стил: приказна раскажана низ романите на Елизабет Адлер

13:00 – Skopje Casual – како до успешен моден блог во Македонија

14:00 – Јована Филиповиќ, Игор Марков и Fashion & Friends – Модна работилница за градење личен стил / комбинирање на дизајнерски и брендирани парчиња

17:00 – Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце

18:00 – Gorenje by Starck – одраз на Вашиот животен стил и личност

20:00 Тиквеш – Wine Tasting Event / Дегустација на вино

21:30 Wolford – Lingerie Fashion Show Extravaganza / Ексклузивна модна ревија на долна облека

22:00 DJ Goce

20.03.2016, Недела

12:00 – Едукативно – креативна работилница за деца: Да се запознаеме со Бреинобраин

13:00 – Дуна Компјутери – Moќност, префекција, живот со стил

14:00 – Ashaya Exclusive Pet Grooming Studio – Urban Grooming на домашни миленици

17:00 – LGA – Indulge in Style & Luxury / Стил и луксуз

18:00 – Центар за бизнис психологија – Lifestyle – Inside-Out / Животен стил – Да се биде најдобра верзија од себе

* Влезот од 12 до 20 часот е бесплатен, а по 20 часот ќе чини 100 мкд.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот