Нутриционистите ја избегнуваат оваа храна – знаете ли зошто?

0

Знаете дека постои храна што е лоша за вас. И покрај тоа сакате да ја консумирате. Некој ќе рече дека може да се консумира сè додека е во умерени количини, но не е така. Нутриционистите велат дека постои храна која треба да ја избегнувате секогаш, колку и да уживате да ја јадете.

Следниве типови храна се наоѓаат на врвот на нивната листа.

Хот дог

Обработеното месо е една од најлошите работи што можете да ги јадете, бидејќи содржи натриум и сатурирани масти (но не од добриот вид, како на пример оние што ги содржи коксот), и полни се со натриум нитрат, бои и други хемикалии. Јадењето обработено, а не црвено месо може да предизвика срцеви заболувања или дијабетес. Затоа, исфрлете го од исхраната.

Переци од кесичка

Иако мислите дека се безопасни и одлична храна за ужинка, тие се храна полна со адитиви. Полни се и со преработени јаглехидрати. Затоа, избегнувајте ги.

Диетални газирани пијалаци

Само затоа што нешто не содржи калории, не значи дека не содржи хемикалии. Во диеталните газирани пијалаци има вештачки засладувачи, а тие можат да предизвикаат покачен шеќер во крвта и тоа може да предизвика зголемување на тежината, иако самиот пијалак во себе не содржи калории.

Бонбони

Крцкавите бонбони, оние што ги сакавме во детството затоа што имаа преубав вкус, се полни со вештачка боја, исто како и лижавчињата, шеќерната волна и слично. Да, можеби уживате во нивниот вкус, но има многу поубави начини да се засладите. Затоа, кажете им НЕ. Особено не треба да им ги давате на малите деца, кои, за жал, ги обожаваат.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот