NUDE ON NUDE – Нова колекција сенки од Bobbi Brown

0

Инспирирани од природните бои на лицето кај жената, од козметичката компанија Bobbi Brown решаваат да пристапат поинаку во создавањето на новите сенки за очи, на тој начин што дополнително ја нагласуваат природната убавина, дозволувајќи вистинскиот природен сјај да излезе на површина.

Nude on Nude палетата има нијанси кои го балансираат тонот на лицето и креираат здрав сјај -совршено надополнување на природноста на очите кои сакаат да бидат забележани.

Nude on Nude е тука да го слави природниот изглед, естетски и едноставен, но сепак впечатлив изглед. Овие сенки за очи се основни нијанси од суштинско значење кои го креираат убавиот изглед, без разлика дали сакате дневна лежерна или вечерна гламурозна шминка.

Палетата ја има во две изданија – Bronzed Nudes и Rosy Nudes, секое од нив по 10 нијанси.

Во палетата на Bronzed Nudes ги има следните нијанси: Bone Eye Shadow, NEW Golden Glow Shimmer Wash, Frappe Eye , Pink Copper Sparkle, NEW Burnt Amber Metallic, NEW Buff Eye Shadow, NEW Copper Chocolate Sparkle, Chocolate Truffle Metallic, Milk Chocolate и Black Chocolate.

Во палетата на Rosy Nudes ги има нијансите NEW White Smoke Eye Shadow, Watercolor Pink Metallic, NEW Nudest, NEW Sunrise Glow Shimmer Wash, Nude Eye Shadow, Dusk Metallic, Milk Chocolate, Tan Eye Shadow, NEW Chocolate Smoke Sparkle и  Rich Caviar.

Од денеска, можете да ги најдете ексклузивно во Anabella Skopje City Mall.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.