Ново на македонскиот пазар – ЕЛИКО Олива Гарден маслиново масло

0

Автентичен и квалитетен производ за секојдневна вкусна и здрава исхрана!

Првото домашно произведено маслиново масло, ЕЛИКО Олива Гарден е наменето за употреба во исхраната како масло за зачинување на салати, преливи, сосови и сл. како и за готвење.

Богато со пријатен мирис кој и дава посебен шмек на храната особено на салатите, исто така, маслиновото масло на намирниците кои се користат во искраната им дава и посебна мекост и богат вкус – не само што е здраво туку е и вкусно и може да се користи на многу начини.

ЕЛИКО Олива Гарден Extra Virgin Olive Oil

Кога станува збор за технологијата која се користи при цедење на маслиновото масло и неговиот квалитет, Extra Virgin Olive Oil важи за најквалитетното и наjздравото маслиново масло кое се добива со филтрирање на најдобрите, здрави плодови. Препознатливо е по богатата зелена боја со благ вкус. Овој тип на масло најмногу се почитува како во исхраната така и во козметиката.

ЕЛИКО Олива Гарден

Mаслото ЕЛИКО Олива Гарден изобилува со витамини А и Е, заситени масни киселини (палмитинска, стеаринска, и други заситени масни киселини), незаситени масни киселнини (олеинска, линолеинска и други незаситени масни киселини) како и полифеноли кои се многу моќни антиоксиданти. Содржи и стероли, хлорофил, каротеноиди, токоферол, феноли и др., како и многу минерали меѓу кои калциум, магнезиум, железо, фосфор, калуим и др.

Благодарение на неговите состојки, маслиновото масло го зајакнува имунитетот, го заштитива срцето и крвните садови, а делува и против хроничните заболувања. Ја подобрува и работата на мозокот, го намалува холестеролот и крвниот притисок, има антибактериско дејство, ја прави кожата мека и беспрекорна, а косата цврста и сјајна итн.

Здравствените придобивки се бројни, па затоа во вашето дневно мени ви го препорачуваме првото македонско маслиново масло ЕЛИКО Олива Гарден со производство во Македонија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.