Ново место во градот – пивска куќа „Бирарија“

0

Први февруари е денот кога се случува нешто ново во градот, ден кој вистинските љубители на пиво го очекуваат со нетрпение.

Утре се отвора пивската куќа „Бирарија“ во Скопје, место каде што ќе имате уникатна можност да ги пробате најдобрите македонски и странски пива.

Белгиското светло и темно Leffe,германски DAB Dortmunder, Shofferhofer Hefewizen, Shofferhofer Kristallweizen, Shofferhofer Grapefruit, Radeberger и Konrad темно.

Скопје ќе биде побогато за уште едно место каде пивото и скарата ќе бидат претворени во чисто задоволство.

Тука ќе можете да се чувствувате како дома, да бидете свои, меѓу пријатели, опкружени со убава храна, добро пиво и одлична услуга. Место каде секогаш ќе се чувствувате добредојдено.

На 1-ви пивницата ве кани на дегустација на комплетно сите пива кои ќе бидат на располагање и на вкусна велешка скара.

Се гледаме утре, адресата е Кеј 13 ноември, Скопје.

Не пропуштајте да бидете дел од настанот кој ќе донесе нова свежина во градскиот живот!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот