Новитети од Clinique – Moisture Surge Auto-Replenishing Hydrator, крем гел кој Вашето лице го бара

0

Вчера, 17.04 во Скопје се одржа промотивен тренинг за новиот крем гел од брендот Clinique – Moisture Surge 72-hour Auto-Replenishing Hydrator.

Глорија Мапилеле Тодоровиќ, ексклузивен едукатор за козметиката Clinique на Балканот ги запозна присутните со позитивните придобивки од овој производ.

Преку демонстрација, тие имаа можност веднaш да ги почувствуваат промените на кожата кои Moisture Surge ги предизвикува. Станува збор за хидрантен, брзо впивачки гел крем кој овозможува 72 часовна константна хидратација, дури и после миење на лицето!

Одличен е за личности кои имаат сува кожа, но исто така е препорачлив за сите останати кои сакаат да ја вратат свежината на лицето.

Благодарение на новата и подобрена формула, Moisture Surge континуирано ја храни кожата со вода и го дава посакуваниот ефект преку 3 автоматски комплементарни технологии:

1.Моментална хидратација од 152% за кожата да изгледа свежа, мазна и сјајна со помош на хијалуронска киселина и глицерин.

2.Помага да се спречи загубата на вода од кожата со помош на технологијата Super Matrix, така што на крајот од денот кожата е двапати по хидрирана од претходно*.

3.Технологија за зајакнување на кожата, напојувана од активната Алое Вера и кофеин кои помагаат во зголемување на природната способност на кожата за пумпање/вртење на водата повторно внатре и помеѓу клетките на кожата. Замислете го ова како внатрешна “воденица” која влече вода од дното на бунарот, а потоа непрестано, циркулирајки го снабдувањето во секој слој на кожата. На тој начин постојано и трајно ја хидрира кожата.

Се нанесува еднаш до двапати во денот, а водата циркулира низ сите слоеви на кожата.

Тодоривиќ – Мапилеле ja истакна потребата од дополнителна количина на витамин Ц која што му е потребна на лицето, исто како што организмот го бара тоа од нас. Токму затоа, Fresh Pressed System е производ ја подржува целосната моќност на природен Витамин Ц во нашата највисока концентрација за осветлување, изедначување и обновување на кожата.

Уште еден проблем со кој се соочуваат жените се црните митисери кои што се јавуваат во текот на целиот живот.

Blackhead Solutions го решава проблемот. Преку уникатен начин на само-загревање и мултифункционално чистење, пилинг и маска кои помагаат да се измазни кожата.

Секогаш е задоволство да се научат нови работи, посебно кога станува збор за светски козметички бренд како Clinique.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.