Новиот уред Scio за неколку секунди покажува колку калории внесувате

0

Дали некогаш сте посакале да имате магично стапче и веднаш да дознаете колку калории содржи храната што се подготвувате да ја јадете?
Па, чувствувајте се слободно, новата технологија стигна до тука.

Новиот мал уред се вика Scio и ја скенира храната односно состојките кои ги содржи, калориите, јаглехидратите и мастите.
Со помош на овој уред редовно може да го следите внесувањето на калории и на тој начин да направите добар план за подобрување на исхраната.
zenski-magazin-hitech-ovaj-mali-novi-alat-otkriva-koliko-kalorija-vasa-hrana-sadrzi-1 (2)

На кој начин работи овој уред?
Scio користи молекуларен светлосин сензор за идентификација на хемискиот состав на храната и ги скенира дури и состојките како што е на пример маслото.
zenski-magazin-hitech-ovaj-mali-novi-alat-otkriva-koliko-kalorija-vasa-hrana-sadrzi-1 (8)
Најдоброто допрва следува…
За на полесен начин да ја следите вашата исхрана доволно е да ја инсталирате апликацијата по име DietSensor, што исто така дава совети за исхрана.
Апликацијата беше и наградена за иновација на годината.
zenski-magazin-hitech-ovaj-mali-novi-alat-otkriva-koliko-kalorija-vasa-hrana-sadrzi-1 (6)

За сега скенерот работи најдобро со хомогена храна како што е лебот. Меѓутоа компанијата вели дека повеќето луѓе ќе го користат овој уред за скенирање на друга врста на храна и дека подготвуваат повеќе можности со поголема прецизност.

Иако уредот е достапен за секој што сака да го купи, првично е наменет за личности со дијабетес и други здравствени проблеми кои се специфични кога станува збор за режим на исхрана.
zenski-magazin-hitech-ovaj-mali-novi-alat-otkriva-koliko-kalorija-vasa-hrana-sadrzi-1 (1)

Идејата за овој уред всушност потекнува од француска компанија, кога ќерката на еден од основачини во 2014 година е дијагностицирана со дијабетес.

Scio уредот што ја распознава храна чини 249 долари и ќе биде во продажба во првата половина од оваа година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.