Новиот Peugeot 208 блескаше на Bridal Fashion Night

0

Во организација на Моден викенд-Скопје по третпат се одржа модна ноќ посветена на невестите и младенците во која Peugeot одлично се вклопи со новиот спектакуларен Peugeot 208 Orange Power. Во сета таа елеганција, класика, раскош и гламур, 208-цата, поседувајќи ги сиве овие карактеристики, блескаше со својата живописна боја и ултра модерна става, гордо пречекувајќи ги гостите и посетителите.

10 (1)

Peugeot 208, одлично се вклопи во улога на модел за невестите, привлекувајќи погледи од сите присутни. Гостите имаа можност да се запознаат со возилото одблиску како и да добијат информација повеќе од материјалите кои беа понудени како дополнителна информација.

IMG_1347 (1)

Имено, Peugeot 208 е моделот од најновата генерација, кој се појави на нашиот пазар со почетокот на 2016-та година.

IMG_1350 (1)

Настанот се одржа во Македонскиот Народен Театар во Скопје на 05.02.2016 година. Во уникатен фустан на дизајнерката Зиане Бакиу, поп-пејачката Сара Мејс ја отвори модната ноќ посветена на невестите, а потоа ревијата продолжи со ревиите на косовската модна куќа „Менакон“ зад која стои дизајнерката Надире Зимбери и потоа публиката премиерно ја виде колекцијата „Ретки бисери“ на ателјето за венчаници „Ал Апарел“ како и најновата колекција од „Elizabet design studio“.

IMG_1455 (1) IMG_1455 (1) 12695964_1130848926947829_599696618_n