Новиот Noir Anthracite на Том Форд – мирис за моќни мажи

0

Том Форд е дизајнер кој смета дека мирисот е повеќе од моден додаток, дека е моќно оружје со кое секој човек заведува и буди емоции и спомени. Затоа и секој парфем има своја приказна и претставува уметничко дело.

Овојпат, Том Форд го воведува новиот Noir мирис, Noir Anthracite. Најновата икона на заведување, Noir Anthracite, ја рефлектира светлината во мракот, во која се прикажани брилијантноста на бергамот наспроти богатото темно дрво, како што е кедрово дрво, макасар дрвото и сандалово дрво од Шри Ланка.

Парфемите со потпис на Том Форд ја доловуваат моќта која секој маж ја поседува. Noir Anthracite не е исклучок. Силен, мрачен и рефлективен, ја изразува двојноста на човекот, истакнувајќи ја динамичната тензија помеѓу контрастите, каде што светлината си игра со сивиот метал и црните бои на макасар дрвото кои што се преливаат во ноќта.

Уште еден мирис со врвна софистицираност, Noir Anthracite. Тој е одраз на мажот кој го користи и го нагласува повеќе неговиот стил.

За својот производ, дизајнерот изјави: „Како дизајнер на машка линија, јас не можам да бидам поинаков од класиката, тоа ме одбележува. Ги поместувам границите, но никогаш не ги тргам, бидејќи ја сакам традиционалната, класична нишка.“

Парфемите на Том Форд се за модерните мажи, но и за оние кои ја сакаат класиката и знаат да ја носат на себе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот