Новиот календар на Пирели – светските убавици без фотошоп

0

Години наназад, токму во овој период, со нетрпение го очекуваме новиот календар на Пирели. И тој е конечно тука.

Реномираниот фотограф Питер Линдберг никогаш не се залагал за изгледот „амбасадори на совршенство и младост“ кога се во прашање славните жени. Токму затоа Пирели го избра него да го слика годинешниот календар.

gallery-1480408376-uma-thurman__1480496742_79-125-251-92

„Не сакам ретуширање на фотографиите, сакам луѓето да го видат Холивуд во вистинското светло, а не идеалот што го замислуваат,“ изјави фотографот.

На новиот календар на Пирели, кој својата промоција ја доживеа вчера во Париз, се најдоа актерките Пенелопи Крууз, Џулијан Мур, Никол Кидман, Хелен Мирен, Ума Турман, Алиша Викандер, Кејт Винслет, Робин Рајт, Званг Зији, Леа Сејдо, Шарлот Ремплинг, Руни Мара, Џесика Честејн и Лупита Нионго.

gallery-1480408286-nicole-kidman

Фотографиите се во црно-бел стил, а актерките на себе скоро и да немаат шминка. Линберг се надева дека ова ќе ги потсети сите дека убавината е реална и искрена и дека не треба да се манипулира.

„Убавината зборува за индивидуалноста, за храброста да се биде свој и да се следи сопствената сензибилност. Тоа е и целта на календарот – да се покаже вистинската жена“, додава фотографот.

15310256_10211880974927622_766380978_n

Календарот на Пирели е прв пат лансиран 1964 година и со текот на годините доби улога на статусен симбол, иако, низ годините најчесто беа сликани најубавите и најбараните модели на светот.

gallery-1480408665-julianne-moore

Како и претходните години, и оваа, календарот ќе биде достапен само за најголемите и за ВИП клиентите на Пирели.

Признајте, би сакале да го имате за себе, закачен некаде во канцеларијата. Да, и ние!

15301105_10211880999088226_1613295464_n 15227963_10211880999128227_1192516754_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.