Новиот футуристички велосипед на Пининфарина

0

Најновиот производ која доаѓа од работилницата на Пининфарина не е автомобил, туку велосипед.  Станува збор за футуристички модел кој работи на електричен погон E-voluzione.

Велосипедот е направен во соработка со холандската компанија Diavelo. Овој модел крие мал електричен мотор со батерија од 36 волти која е сместена под неверојатно стилизираната рамка.

luksuz-trend-hitech-e-voluzione-pininfarina-01-1 luksuz-trend-hitech-e-voluzione-pininfarina-01-4

На прв поглед веднаш станува јасно дека се работи за супериорна естетика и функционалност која е својствена за сите производи со потпис на Пининфарина. Управувачот, матичните кабли и осветлувањето се наоѓаат во доменот на неговата естетика и мода.

Благодарение на тенката конструкција од јаглеродни влакна, неверојатно е лесен и тежи помалку од 15 килограми, а аеродинамичната структура и дизајн овозможуваат исклучително искуство во текот на возењето.

luksuz-trend-hitech-e-voluzione-pininfarina-01-5 luksuz-trend-hitech-e-voluzione-pininfarina-01-3

E-voluzione поседува и мини компјутер со цел потенцијалниот возач да ги обезбеди сите релевантни информации во текот на возењето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот