Новиот Ербас со ентериер како вселенски брод

0

Широки седишта, пријатно осветлување, повеќе место за рачниот багаж, само се некои од подобрувањата во авионите кои ги претстави компанијата Ербас.

Овој произведувач на авиони го претстави новиот дизајн на ентериерот на авионите кои се наречени “ер спејс“ и кои од 2017 та година ќе ги користат Делта ерлајнс, Гаруда Индонезија, и Ер Азија.

Некои од најголемите промени во ентериерот се поврзани со поголемата понуда на простор за патниците. Во новите авиони ќе има и повеќе простор за рачниот багаж, тоалетите ќе бидат опремени со смарт технологија-ќе имаат антибктериски површини, самочистечки тоалети и опуштувачка музика. Кабините според компанијата, ќе бидат најтивки до сега, а ќе имаат и пријатно ЛЕД осветлување.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.