Новата хит-песна на Дани Димитровска доби видеоспот

0

„Да Заборавам” е песна под реден број седум од неодамна излезениот нов албум на познатата пејачка Дани Димитровска – насловен како „Град За Љубов“.

После успешната промоција на албумот во ноември минатата година, Дани продолжува со реализирање на видеа за песните од албумот. Режисер на видеото „Да Заборавам“ е на Дејан Матиќ – Део со техничка поддршка од Чочо.

– „Да Заборавам” е акустична љубовна изјава, разговор со себе. Не постои дефиниција, нека си ја доживее секој во своја верзија. Мојата „верзија” за оваа песна е дека ми е хит. Во срцето…  изјави Димитровска.

Погледнете го видеото

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.