Новата дама во градот „Signorina in fiore“ – Salvatore Ferragamo

0

Со доаѓањето на пролетта секоја дама ја открива својата романтична страна.

Како пролетен цвет кој се расцутува и му ја покажува својата убавина на пролетното сонце „Signorina in fiore“ ја слави убавината на младата дама, романтична и полна со радост.

Мирисот ги открива убавите ноти на вљубеноста во пролетта.

Се започнува со возбудлив мирис на  енергичната „Nashi Sorbet“ круша со мешавина од сочна калинка. Срцето на мирисот се спојот на магични цветови од цреша и ливчиња од јасмин ливчиња кои шармантно му даваат свежина на мирисот.

Со длабока леснотија, овој мирис ги отвара вашите сетилата оставајќи нежен траг од мек бел мошус и кремаста сандаловина.

Спакуван во нежна и женствена амбалажа со машна, овој мирис претставува дом за секој млада шармантна дама.

„Signorina in fiore“ може да ја најдете во сите подобро снабдени парфимерии низ Македонија во следниве количини:

30 ml Eau de Toilette Spray,

50 ml Eau de Toilette Spray,

100 ml  Eau de Toilette Spray.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот