Новак симнат од тронот… може ли да се врати таму следната недела?

0

Новак Ѓоковиќ пред два дена му го отстапи тенискиот престол на Енди Мареј, ама за само десетина дена може повторно да се врати таму.

Како вистински спортски џентлмен, Србинот му ја честиташе првата позиција на Мареј, својот најголем противник во изминативе две години. Тој успеа да се задржи таму повеќе од 200 недели, а Енди е на првото место на АТП листата во својата кариера, и тоа го постигна на 29-годишна возраст, период кога повеќето тенисери полека почнуваат да ја губат формата.

„Му честитам на Енди што успеа да ја достигне својата највисока цел. Секоја чест! На сите мои навивачи сакам да им се заблагодарам за поддршката и за фантастичните пораки што ми ги испраќате. Се подготвувам за Лондон, се гледаме наскоро таму. Отсекогаш сум сакал големи предизвици, а Фајнал 8 е токму тоа“, напиша Ноле на Фејсбук.

Ѓоковиќ како и во претходните четири години ќе ја брани титулата во Лондон, последниот турнир во сезоната, којшто овој пат ќе се одигра од 13 до 20 ноември. Тој ќе игра во групата „Иван Лендл“ со Канаѓанецот Милош Раониќ, Австралиецот Доминик Тим и со Французинот Гаел Монфис. Мареј е во втората група, „Џон Мекинро“, каде што покрај него ќе настапат и Швајцарецот Стен Вавринка, Јапонецот Кеиј Нишикори и Хрватот Марин Чилиќ.

177576142582199cc5d846045061493_w640

Што би било кога би било

Постои шанса Новак да си го поврати тронот уште на 20 ноември, а математиката оди вака. Пред почетокот на завршниот турнир во Лондон тој има 405 бода помалку од Енди Мареј, ама на Британецот ќе му бидат одземени 275 Дејвис куп поени, па во Лондон ќе има само 130 поени повеќе од Ѓоковиќ.

Ова значи дека на српскиот тенисер од Лондон му се потребни само 200 поени повеќе од Мареј за да ја заврши годината на првото место на АТП листата. Во случај да се сретнат заедно во полуфиналето или во финалето во Лондон, кој и да победи, ќе си го обезбеди првото место пред стартот на следната сезона.

Новак го освојуваше турнирот во Лондон во последните четири години, а има вкупно пет титули оттаму, исто колку и Пит Сампрас и Иван Лендл. Една титула повеќе од тројцата нив има Роџер Федерер.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар