Новак Ѓоковиќ има одлична јога вежба за грб и колкови

0

Многупати Новак покажа зошто е најдобар на светски тенисер и колку напорно работи за да ја одржи формата.

Иако своето место број 1 му го отстапи на Енди Мареј, ветува враќање назад и тоа со поголема сила.

Па пред да почне новата сезона, Новак тренира, ама и се релаксира.

Неодамна, на својот Инстаграм профил тој покажа вежба којашто, како што вели самиот, ја обожаваат неговите колкови и долниот дел од грбот. А ако може тој, зошто да не можете и вие?

Иако неговата поза за вежбање делува многу тешко, тој вели дека сепак не е.

capture__1482415767_46-217-110-19

Тој „виси“ со едната нога исправена над главата, со исправен грб и извиткан колку што може наназад. Другата нога е свиткана кај коленото и нејзината петица ја држи со двете раце.

Открив анти гравитациско истегнување. Ова им се допаѓа на мојот грб и на колковите“, напиша тенисерот на фотографијата.

Браво, секоја чест!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот