Нова услуга во Белгија: Роботи ќе бидат дел од медицинскиот персонал

0

Болниците во Лиеж и Остенде во Белгија, одлучиле да го “вработат” роботот Пепер кој може да препознава емоции кај луѓето. Во едната болница ќе биде поставен на рецепција, а во другата ќе биде задолжен да ги спроведува пациентите до одделите каде се упатени.

Симпатичниот робот Пепер е програмиран да ги препознае човечките емоции, а наскоро го чека и нова задача – ќе почне да работи во белгиска болница со полно работно време.

После ангажманот во трговските центри, банките и железничка станица, ова ќе биде прва работа за Пепер во областа на здравството, а болницата во Лиеж планира во следните 10 години да ги користи услугите на овој робот.

05538b7aaab4e352b911

Роботите имаат голем успех во Јапонија каде продажбата се зголемува постојано. Болничката верзија чини 34 000 долари, додека основните се достапни за 1850 долари.

Во таа цена, купувачите добиваат посебен софтвер кој е програмиран за намената.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот