Нова теорија за портретот Мона Лиза

0

Силвано Винченти, кој со години го анализира портретот на Лиза Џерардини, сопругата на фирентскиот трговец, смета дека воедно станува збор и за портрет на Џан Џакома Капроти со коа славниот сликар имал врска.

“Мона Лиза е делумно маж, а делумно жена. Тоа може посебно да се забалежи на нејзиното чело, на носот и во насмевката” – изјавил Винченти. Тој го проучувал инфрацрвените днимки и смета дека воочил сличност со останатите слики на Да Винчи на кои се појавува Капроти, познат под прекарот Салаи.

Салаи станал ДаВиничиев соработник уште како дете додека има 10 години, потоа работел сам две децении.

Капроти со сликарот бил во интензивна врска додека живееле заедно во раскошната вила во период од три години, односно точно во времето кога е направен портретот на Мона Лиза.

Но, со оваа теорија не се согласуваат сите. За Њујорк Пост, историчарот Мартин Кемп од Оксфорд изјавил дека станува збор за комбинација на полупразни детали и бујна фантазија на Винченти.

Дали теоријата на Винченти е вистина или не, веројатно времето ќе покаже.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот