Нова теорија: Сенди е мртва во текот на целиот филм?!

0

Сите ја знаеме приказната на филмот “Брилијантин”, за летната авантура на Дени и Сенди, кој продолжува и во текот на учебната година, токму во училиштето каде што е Дени со пријателите.

Нема човек кој не го обожава овој мјузикл со Џон Траволта и Оливија Њутн Џон, во главните улоги. Но, дали сте размислиле за другата варијанта на приказната.

Вистински фан на овој филм на социјалната мрежа Reddit, ја сподели својата луда и неверојатна, но и интригантна теорија за филмот.

1

Слушнете го ова:

-Брилијантин завршува со сцената кога Сенди и Дени ги кршат законите за гравитација и летаа кон небото. Секогаш мислевме дека тоа е резултат на на креативната слобода на режисерот.

Но, што ако Сенди всушност оди кон небото?

grease-1__1474028191_46-217-109-204

-За време на изведбата на “Summer Nights”, Дени им објаснува на пријателите како ја спасил Сенди од давење на плажата.

Но, што ако таа се удавила?

-Интересно е тоа што корисниците на оваа мрежа ја развиле оваа теорија до таа мера што се согласни дека таа навистина имала несреќа на плажата и оти целата таа магична година кога сите матурираат всушност е резултат на нејзината фантазија додека е во кома.

grease-01_612x380

Крајната сцена кога сè се разрешува е премногу добра за да биде вистинита.

-Сенди и Дени се смируваат и сакаат да останат заедно и покрај се, Ризо дознава дека не е бремена, а Киники сфаќа колку ја сака, детето бубалица конечно влегува во спортскиот тим и наеднаш се е совршено, работите се такви какви што отсекогаш требале да бидат.

Што мислите вие, има логика во сето ова? 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.