Нова сезона – нов светски тренд

0

Наместо фармерки, панталони ќе бидат во тренд оваа пролет. Станува збор за широките кафени панталони, познати и како „грди“ панталони. Иако на прв поглед скоро никому не му се допаѓаат, светските модни магазини сметаат дека тие ќе бидат вистински бум од почетокот на пролетта, а доказ за тоа се и познатите дами кои ги носат – Џенифер Лопез, Хилари Даф, Џиџи Хадид.

„Каки“ панталоните не се ништо ново. Се носат со години бидејќи, исто како и фармерките лесно се комбинираат со сè. Притоа се удобни за носење. Новина е нивната должина, која е над глуждовите и висината на половината, заради што единствено ќе им одговараат добро на слабите девојки со долги нозе. Оние со широки колкови или голем стомак во нив ќе делуваат подебело отколку што се.

 

Ленот е најпопуларен материјал за ваков тип панталони, но бидејќи лесно се тутка, размислете дали да купите ленени панталони.

Стилистите препорачуваат овие панталони да се комбинираат со куси блузи кои се сечени високо за да се видат неколку сантиметри кожа од стомакот, или пак со тесна маичка и кошула на закопчување.

А бидејќи ниедна модна комбинација не е потполна без асесоари, одберете ремен кој ќе се вклопи со панталоните. Сега сте подготвени за да излезете од дома!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот