Нова премиера во Битолскиот народен театар

0

Ансамблот на Битолскиот народен театар во понеделник премиерно ќе ја изведе претставата „Трагичната љубов на една луда девојка“, работена по текст на јапонскиот драматург Јукио Мишима. За прв пат битолските љубители на театарот, ќе можат да ја проследат драматургијата на овој автор.

Оваа драма со еклектичка структура и експеримент, во кој има и авторски делови на актерите, како и од 26. сонет на Шекспир, ја постави Благоја Мицевски, како шесто негово режиско остварување и е самостоен проект на БНТ. Во претставата публиката ќе ги види актерите Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Марјан Ѓоргиевски и Соња Михајловска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот