Нова неодолива колекција на Bella – за твојот ден

0

Новата колекција пролет/лето 2016 наречена „Bella, за твојот ден“ ја обележува оваа сезона со неодолив женствен шарм.

Во магичниот свет на жените постојат „обични“ и „посебни“ денови. Важниот работен состанок, интервјуто за новата работа, славењето на постигнатиот успех, роденденот на саканиот, свадбата на најдобрата пријателка, возбудата и радоста со која се будите наутро… силното чувство дека токму тоа е „твојот ден“ и дека може да го освоите светот ги издвојува посебните од обичните денови.

9537_200416092959290_1067x1600

Колекцијата пролет/лето 2016 е посветена токму на овие „посебни“ денови и нивната магија. Префинети по својот дизајн и модерен крој со суптилни детали кои нежно ја истакнуваат сензуалноста, парчињата несебично ја потенцираат женствената елеганција која е заштитен знак на сите изградени девојки и жени.

9537_200416092959569_1067x1600

Изданието ги дели парчињата на дневни и вечерни, креирани соодветно за дневен деловен или лежерен изглед, како и за вечерен изглед и посебни пригоди. Чувствувајте се најдобро во својата кожа и во облеката која остава впечаток, одекнувајќи со вашето „Јас“!

9537_200416092959810_1067x1600 9537_200416093000084_1067x1600 9537_200416093739322_1067x1600 9537_200416093738273_1600x1067