Нова моќна технологија за нега на кожата –  Advanced Recovery Ampoules

0

Кожата е еден од најсензитивните органи на телото кој прв ја јавува промената на организмот на транспарентен начин. Промените на кожата се посебно видливи во овој зимски период, кога заради студеното време кожате е подложна на сушење и има потреба од преземање итна мерка за нејзино подобрување.

Estee Lauder  е брендот кој секогаш има примат што се однесува до кожата и секогаш излегува со решение за проблемите кои можат да се јават, но и за нејзина превенција.

Овојпат, ви ги препорачуваме микроампулите со мега влијание  – Advanced Night Repair Intensive Recovery Ampoules

Станува збор за моќен концентрат кој помага во смирување и обнова на кожата, помагајќи да се зајакне отпорноста во иднина. Маслените капсули вклучуваат ChronoluxAI технологија која ја намалува видливата иритација и го подобрува изгледот на кожата, ја прави измазнета и сјајна.

15682762_10155207683888488_1221781773_n

По само една ампула, 92% од жените изјавиле дека чувствуваат смиреност на нивната кожа, веќе следното утро.

За разлика од Advanced Night Repair серумот, кој можете да го користите секогаш и секаде, ампулите се користат две недели, а потоа се прави пауза, се додека не се јави потреба за нивна повторна употреба.

Дозволете и на Вашата кожа да го врати свежиот изглед додека спиете и вратете го здравјето, сјајот и подмладете ја кожата со помош на – Advanced Night Repair Intensive Recovery Ampoules.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот