Нова модна кампања на „Викторија Сикрет“

0

Модната куќа „Викторија Сикрет“ подготвува нова кампања. Главна ѕвезда на оваа кампања ќе биде Елса Хоск, шведска манакенка која одлично го совладуа предизивкот за оваа модна кампања за костими за капење, лето 2016та.

Кампањата се снимаше на Малибу, во куќа на плажа. Едноставно е, комбинацијата од модниот гигант „Викторија Сикрет“ и прекрасните модели даваат неверојатни модни фотографии. Оваа модна куќа секогаш нуди нешто ново и интересно, а нејзините модели одлично се снаоѓаат како на пистите, така и пред објективите.

elsa-victoria-secret (1)

Елса има соработувано со познати бреднови како Диор и Долче и Габана, а од 2011 е дел од ангелите на „Викторија Сикрет“. Пред да започне да се занимава со манакенство беше професионална кошаркарка во родната Шведска.

elsa-victoria-secret (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот