Нова македонска апликација што ви овозможува вести и информации од проверени извори

0

Квантитетот на информациите што секојдневно стигнуваат до нас придонесува за сè потешко распознавање и правење разлика помеѓу вистинските и лажните вести, како и за веродостојноста на изворите и медиумите што ги нудат овие вести. GRID претставува модерна и иновативна алатка со која читателите сами можат лесно да ја воочат разликата меѓу лагата и вистината што се пласира во медиумската сфера, oвозможувајќи целосен пристап до вести засновани на проверени факти.

Апликацијата претставува вистински новитет на македонскиот пазар што ги зема предвид вашите преференци во поглед на тоа какви вести сакате да читате. Апликацијата преку едноставен дизајн и одличен интерфејс ви овозможува да ги следите вестите преку неколку категории – Вести, Забава, Спорт, Твитер, Најнови, Мои вести и Бум мени.

Она што претставува вистински предност е можноста сами да изберете од кои медиуми ќе ги добивате вашите вести или, пак, сами да направите категории на вести по ваша желба. Така корисникот добива вести што сака да ги чита, со што заштедува време и се заштитува од непотребниот шум на информации кои доаѓаат до него.

Едноставна за користење, GRID апликацијата е направена за сите оние кои сакаат постојано да бидат во тек со информациите и притоа да се сигурни дека добиваат квалитетни, проверени и веродостојни информации. Проверете ја и самите на Google Playstore или регистрирајте се да бидете првите кои ќе ја добијат новата iOS верзија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот