НОВА КАМПАЊА “SUMMER DREAMING”

0

Новата кампања на Fashion&Friends посветена на летните трендови е инспирирана од култното американско летувалиште The Hamptons. Тоа не е случајно, бидејќи кога се работи за елеганција во летната сезона, ретко што постигнува “wow” ефект како елегантниот микс на пастелни бои и патиниран тексас материјал. Кога се материјалите во прашање, природните ткаенини го имаат приматот, а кроевите може да се опишат како класика со пресврт за впечатлив стајлинг.

Наместо сон на летната ноќ за жешките месеци кои доаѓаат Fashion&Friends Ви нуди можност за сонување со текот на целиот ден со парчиња од брендовите Replay, Diesel, Guess, Levi’s, Scotch&Soda, Superdry, Desigual и др.

Кампањата ”Summer Dreaming” на Fashion&Friends е изработена во Белград со модели од агенцијата FOX и креативно раководство на Јасенка Стекиќ.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.