Нова играна епска авантура за Могли

0

Момчето Могли, неговиот ментор пантерот Багира, грижливата волчица Ракша и волкот Акила, опасниот тигар Шир Кан, веселиот мечок Балу, питонот со заводлив глас Ка и орангутанот кралот Луј, се повторно заедно во новата епска играна авантура на Могли во улога на Мил Сетиј.

Овој пат Могли ќе открие дека не е добредојден во џунглата, кога страшниот тигар кој носи лузни нанесени од човечка рака, ветува дека ќе го елиминира секој што ќе му претставува закана. Приморан да го напушти домот кој дотогаш го познава, Могли ќе се впушти во авантуристичко патување на кое ќе се открие самиот себе, а негови водачи ќе бидат Багира и Балу.

По патот Могли ќе сретне многу суштества од џунглата кои немаат добри намери, вклучувајќи го и Ка (гласот на Скарлет Јохансон), питонот кој ќе го хипнотизира момчето и орангутанот.

Целта на змијата е да го наведе Могли да ја открие тајната како може да се дојде до смртоносниот Црвен цвет на огнот. Нема сомнеж дека ова ќе биде уште еден филмски хит од џунглата кој подоцна ќе го раскажуваат помладите.

Во продолжение погледнете го трејлерот: