Новата генерација на течната пудра Healthy Mix го брише заморот од вашето лице

0

Нема потреба да ја претставуваме иконската течна пудра од Bourjois. Со својата свежа, кремаста текстура, Healthy Mix секогаш нудела блескав, сјаен тен со природен и совршено изедначен финиш.

Но, нема одмор за експертите од Bourjois.

Овие денови, кожата е подложна на негативни влијанија предизвикани од брзото темпо на денешницата. Уморната кожа има потреба од здрава доза на витамини и енергија!

Bourjois ја спрегна својата make-up експертиза и ја преработи формулата на својата сакана Healthy Mix течна пудра.

Новата верзија сè уште ги нуди истите квалитети и свеж мирис, но сега има подобрена формула која помага да се избришат знаците на замор и кожата да блесне во својот полн сјај!

Совршено во контакт со начинот на живот на денешните жени, оваа нова формула содржи мешавина од витамини и мешавина на корисни состојки.

Новата формула која содржи комбинација на витамини: C, Е и B5, помага тенот да изгледа здраво, блескаво и одморено.

Со обложени пигменти во формулата, новата Healthy Mix овозможува природен финиш кој ќе трае до 16 часа. Кожата е разбудена и хидрирана, додека темните кругови и црвенило се скриени – за блескав тен во текот на целиот ден.

Оваа навистина свежа, кремаста и лесна формула на Healthy Mix совршено се вклопува со кожата, ја омекнува и измазнува. Кожата „дише лесно“ со неверојатно чувство на гола кожа.

Healthy Mix е сега достапна во шест ултра свежи нијанси погодни за секој тен и во сите околности!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот