Нова, енергична кампања на Salavatore Ferragamo: #mad4Signorina

0

Романтични, елегантни, мистериозни и расцветани: четирите интригантни аспекти на карактерот на Signorina, се главните протагонисти на #mad4Signorina, нова, енергична кампања која ја слави најпопуларната франшиза на Salavatore Ferragamo.

Свежа и динамична, кампањата е креирана од модниот илустратор Joe Ratcliffe. Истата вклучува четири анимирани видеа во траење од 15 секунди, а во секое од нив на посебен и енергичен се интерпретира душата nа самиот мирис.

Секоја Signorina е вљубена во нешто посебно, симболозирано со посебен гест. Шишето на Signorina е покриено со легендарната Vera bow, која сега е повторно интерпретирана од Joe Ratcliffe како наративна приказна од 4 епизоди, создавајќи калеидоскоп кој го задржува разиграното распoложение, без да го изгуби иднетитетот.

Joe Ratcliffe е креативен дирeктор од Лондон, илустратор и аниматор, познат по рачно цртаните карактери и сцени.

Signorina Eau de Parfum

Цветно – оринталната овошна Signorina Eau de Parfum потсетува на младата, италијанска креативна жена која секогаш е инспирација за Salavatore Ferragamo и неговиот уникатен стил, носејќи свежа убавина.

Signorina Eleganza

Мирис кој е посветен на сензуална, благородна и софистицирана жена. Signorina Eleganza ја претставува почитта кон софистицираноста, женственоста, грациозноста и заведувањето, карактеристики на сите парфеми на Salavatore Ferragamo.

Signorina Misteriosa

Овој ориентално овошен мирис ја слaви мистериозната страна на шик девојката која емитува радост на животот и секогаш на себе има заводлива насмевка. Нејзиниот живот е како игра, а таа одбира улога по кој сака да биде интрепретирана.

Signorina in Fiore

Signorina in Fiore ги претставува жените кои што се полни со радост и романтика. Кога доаѓа пролетта, секоја Signorina ја открива нејзината романитчна страна, како што цветот ги открива ливчињата на првите зраци светлина.

Четири различни мириси имаат една заедничка карактеристика – уникатноста и женственоста на италијанската жена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.