Нова доза Инстаграм уметност – Погледнете ги најинтересните македонски профили

0

Денеска ви претставуваме уште неколку македонски корисници на популарната социјална мрежа Инстаграм чии профили би требало да ги следите. Ако се прашувате зошто, одговорот е следен: „Нивните постови се креативни, ќе ве инспирираат повеќе да уживате во светот околу вас, повеќе да патувате, да истражувате, да откривате, да уживате во малите задоволства.“

Јелена Станаревиќ

Профилот на оваа млада модна дизајнерка е вистинска инспирација за девојките кои ги следат трендовите и за оние кои сакаат да добијат модна инспирација. Нејзините моменти се со доза на луксуз и е вљубена во патувањата. Следете ја на https://www.instagram.com/jelenastanarevic/

jelena-stanarevik (3)

jelena-stanarevik (2)

jelena-stanarevik (1)

jelena-stanarevik (4)

Драги Павлевски

Него го знаете како лик од телевизиските екрани, но на неговиот Инстаграм профил ќе ја откриете неговата креативна страна. Знае да ги долови најубавите слики на кои фокусот е небото и сите негови изгледи. Неговите инста фотки се на https://www.instagram.com/samo.pavlevski/

dravi-pavlevski (3)

dravi-pavlevski (4) dravi-pavlevski (2)

dravi-pavlevski (1)

Јована Пенева

Оваа млада девојка со сигурност ќе ве мотивира да започнете со вежбање и да сфатите дека модните комбинации секогаш изгледаат совршено доколку додадете добро парче накит или штосен детаљ. Следете ја на https://www.instagram.com/jovanapeneva/

jovana-peneva (3) jovana-peneva (2) jovana-peneva (1)

jovana-peneva (4)

Злата Тошевска

На профилот на Злата ќе најдете интересни фотки од чудата на природата, волшебни пејзажи, шарени цветни аранжани, но имате можност да видите и како изгледа животот во бекстејџ затоа што оваа девојка е оперска пејачка. Следете ја на https://www.instagram.com/zlata.toshevska/

zlata-toshevska (4) zlata-toshevska (2) zlata-toshevska (1) zlata-toshevska (3)

Ивана Фидановска Мицевска

Профилот на Ивана ќе ве потсети дека во нашата земја има убави места кои треба да ги посетите и да уживате во патувањата, макар и во она до вашата најблиска дестинација и дека убавината на животот е во малите нешта. Нејзиниот профил е на следнава адреса: https://www.instagram.com/fidanovskaivana/

ivana.f (1) ivana.f (2) ivana.f (3) ivana.f (4)

Се читаме и следниот понеделник со нова доза на Инстаграм уметност ?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.