Нова актерска екипа во продолжението на Ocean?!

0

Филмското студио Warner Bros потврди дека во октомври ќе започне снимањето на новото филмско остварување на Гери Рос, Ocean’s Eight.

Тоа што е интересно е фактот што во моментов се врши кастингот за женските улоги, а во игра се следниве имиња: Ријана, Ен Хетавеј, Сандра Булок и Кејт Бланшет чии преговори се во крајна фаза.

oceans-eleven-2001-wb

Се споменуваат и имињата на актерките Хелена Бонам Картер, Минди Кејлин Нора Лум.

Првиот филм од оваа франшиза го режираше Стивен Содерберг, кој овојпат ќе биде продуцент на истиот, додека сценариото е на Оливија Милч.

Инаку, оригиналниот филм под овој наслов е снимен во 1960 година каде главните улога на Дени Оушн ја одиграл Франк Синатра.

oceans-eleven-original-warner-bros

Тимот на Оушн го глумеле Дин Мартин, Семи Дејвис Џуниор, Питер Лафорд, Џои Бишоп и Енџи Дикинсон.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот