НОВ ТРЕНД: Дестинациски венчавки

0

“Destination weddings”, односно венчавки кои се организираат на локации надвор од градот или државата во која парот живее е новиот тренд кој вртоглаво се проширува.

Пар од Хрватска, Кристина и Никола ја направија својата венчавка од соништата во Токсана, Италија, пратејќи го токму овој тренд.

Сепак, различната локација не ја прави секоја венчавка “дестинациска”. Симболиката на овој тренд е да се одбере одредена локација која има одредено значење за парот, без разлика дали се работи за потеклото на еден од партнерите, романтично патување на кое се изградиле темелите на врската или локација за која двајцата сонуваат – опкружени со најблиските.

Дестинациското венчавање е всушност на некој начин мини патување, со мал број на гости и е навистина прекрасна церемонија. Замислете го сценариото каде парот го изговараат судбоносното “ДА” на местото од соништата, каде често отпосле остануваат и на меден месец. Сето тоа во интимна атмосфера со најблиските од семејството и кругот на пријателите.

Кристина и Никола, по двоумењето дали да се венчаат во Италија или Хрватска, за своја дестинација ја одбрале Токсана поради потеклото на Никола. Секако, прекрасната Токсана била сцена за паметење – редови чемпрес, маслинови дрвја I рустикални вили.

Концептот на нивната венчавка не бил класичен, а тоа е честа одлика на дестинациските венчавки бидејќи младенците сакаат на своите гости да им приредат едно посебно, поинакво искуство. По венчалната церемонија, сите се упатиле кон вилата, каде по коктелот и дружењето била послужена вечера од италијански специјалитети. Забавата продолжила покрај базенот, каде се сечела тортата.

Во прилог можете да ги погледнете фотографиите од прекрасната церемонија на Кристина и Никола:

Извор: journal.hr

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.