Нов Културен Бран – Реге Караван – Conquering Lion

0

Започнува четвртиот концерт од Реге Караван дел од манифестацијата Нов Културен Бран на Министерството за Култура на Р. Македонија.

Бидете дел од големото урбано случување и придружете се кон Реге караванот чија цел е да ја запознае македонската публика со културата, музиката и пораката што ја носи во себе овој музички правец, а тоа е мир, љубов и единство меѓу народот.

Реге музиката е развиена од рокстеди музиката во 1960-тите години. Музички жанр првпат развиен во Јамајка во доцните 1960-ти. Иако понекогаш се користи во поширока смисла на зборот и се однесува на повеќето типови на музика во Јамајка, терминот реге посоодветно означува одреден музички стил кој потекнува следејќи го развојот на Ска и Рокстеди музиката.

Conquering Lion, како македонски реге амбасадори во изминативе 10 години активно работат на промоција и ширење на овој културен правец, со цел Македонија да се издигне на ниво на другите европски земји каде веќе се случуваат големи настани и работилници посветени на реге музиката и Растафари културата во едно.

Концертот ќе се одржи во “Snow Patrol Lodge” – Попова Шапка на 23.12.2017 – Сабота. Влезот е СЛОБОДЕН!

Придружете се кон Реге караванот!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.