Нов изглед на старата бања: Шаренило од бои

0

Реновирањето на бањата во домот е скапа инвестиција, посебно ако се прави од корен. Тоа би значело да се сменат плочките односно да се извадат старите, да се стават нови и да се смени комлетно санитаријата.

Но кога е тесно со пари, викајте ја креативата на помош. Менувањето на санитаријата како опција отстранете го целосно. Фокусот нека биде на плочките кои нема да ги менувате, туку само ќе им дадете нов изглед односно со нивно пребојување.

Процесот на боење на керамички плочки се одвива во три фази: чистење на плочките, премачкување пред боење и на крај боење.

Чистењето на плочките мора да се направи детално. Мора да се отстрани горниот слој, тоа се прави со машина или рачно. Ако е рано тогаш ќе ја отежне работата, но сепак вие бирате. Ако на делови од нив има останато нечистија или камен, остранете ги со разредувач но да не биде многу агресивен. Користете го тој на баа на вода. Нанесете го и оставете некое време да делува, а потоа измијте со вода.

Откако ќе се осигурате дека се исушени, следи премачкувањето со основа за боја. Најчесто се наоѓа во сива или бела боја, а ова е потребно заради полесно нанесување на бојата.

Потоа следи последната фаза, нанесување на бојата. Ова е моментот во кој ќе уживате целосно заради креативниот момент. Изберете мотив кој ви се допаѓа и само напред. Вашето креативно дело ќе и даде нов изглед на старата бања, а тоа ќе внесе и нова енергија како и секоја промена.

Bathroom-Tiles-ideas-Color-Splash bathroom-tile-ideas-mix-and-match-tile-collage Bathroom-Tile-Design

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот