Нов гастрономски тренд – мозаик суши

0

Новиот тренд во кој уживаат љубителите на сирова риба е мозаик суши, нов изглед на храната која досега се сервираше на поедноставен начин, сега истата има виножито од бои во форма на мозаик.

Јапонците се тие кои се сетија на ова (не сме изненадени) со оглед на тоа дека тие се вистински уживатели на добриот изглед и визуелните ефекти.

Оброците кои ги продаваат во обични супермаркети и вендинг машини се наречени Бенто кутии, а во нив има комплетен оброк за еден човек.

Овојпат, инвентивноста е насочена кон она по што се многу добро познати, а тоа е суши храната.

Оваа гастрономска уметност, наречена Мозаик суши, е претставена како мало уметничко дело, рибите се наредени во квадрат, оризот и зеленчукот се претставени како преубави шарени контрасни плочки.

Ако сакате оригинална јапонска храна, тогаш следните фотографии дефинитивно ќе ви го засилат апетитот.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот