Нов филмски рекорд

0

После 13 години владеење, имаме нов рекордер на тронот. “Matrix Reloaded“ ја изгуби круната од духовитиот и симпатичен “Зборлест Платеник“.

Иако рекордот беше стар 13 години, никој не очекуваше дека ќе стои засекогаш. Пред 13 години “Matrix Reloaded” го постави рекордот за филмови со Р ознака, заработувајќи 742 милиони долари. Рекорд кој конечно беше срушен од “Deadpool” со вкупна заработка од 745 милиони долари.

Она што е уште повеќе импресивно во целата приказна е фактот дека “Deadpool” е снимен “само“ со 58 милиони долари, додека “Matrix Reloaded” е снимен со прилично високи 150 милиони. Скоро сигурно е дека приказната за “Зборлестиот платеник“ ќе добие продолжение, бидејќи многу други марвелови филмови кои не заработија толку, сепак добија продолженија.

Па така “Iron Man” заработи 585 милиони долари, и доби уште две продолженија, како и “Thor” кој заработи 450 милиони.

Сигурно дека не е тука крајот на оваа сага, и дека сигурно ќе видиме барем уште едно продолжение.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот