Бидете храбри и носете виолетово

0

Времето кога носевме само црна и сива боја е зад нас и ќе се врати дури со идната зима. Сега е вистинскиот момент да уживате во многу колоритет, свежи бои и нијанси кои ќе ве освојуват и вас, но и тужите погледи. Модните експерти советуваат оваа пролет во вашиот плакар да додадете неколку виолетови парчиња. Иако, може да ви се чини дека виолетовата е боја резервирана само за храбрите и неконвенционални девојки, ние сме тука за да ве разубедиме во тоа. Ви даваме неколку совети за тоа како да ја внесете оваа боја во вашите пролетни комбинации.

violetovo (10)

Одберете марама во виолетова боја. Свилена марама ќе додаде доза на елеганција на здодевната и монотона црна маичка или сива кошула.

Темно виолетовата кошула комбинирајте со светло сиви панталони за вашите деловни состаноци. Истата комбинација само наместо со потпетици носете ја со популарните оксфордки за попладневно кафе или опуштен ручек со најдрагите.

Одберете виолетов фустан во нијанса на јоргован и комбинирајте со црно сако или потпетици. Доколку не сте сигурни која нијанса на виолетово е вистинската за вас, одберете светло виолетово доколку имате потемен тен или кралско виолетово доколку тенот ви е светол.

violetovo (14)

Виолетовата е одлична за свечен фустан доколку оваа пролет во календарот имате свадба на пријатели, идеална за маичка која ќе ја носите со омилените фармерки или за нежен, лелеав фустан кој на виделина ќе ја извади вашата женственост е суптилност.

Доколку сепак сакате да ја внесете виолетовата боја во вашите аутфити, а не сакате тоа да биде фустан или кошула, тогаш одберете иста нијанса на чанта и чевли кои ќе може да ги комбинирате со бела, црна, сива, бледо жолта облека…

Изненадете го и вашиот омилен човек со нешто виолетово. Доколку не би носел кошула во виолетова нијанса, тогаш кажете му дека виолетовата вратоврска која штотуку му ја купивте совршено одговара со неговата бела кошула.

violetovo (11) violetovo (16) violetovo (15) violetovo (13) violetovo (8) violetovo (7) violetovo (12) violetovo (6) violetovo (5)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот