Носењето цвеќиња на работа ја зголемува продуктивноста за 15 %

0

Сите вработени не се љубители на цвеќиња, посебно на оние собните бидејќи бараат поголема нега и внимание. Иако, изгледаат одлично и го збогатуваат просторот, ми даваат живот, сепак не сите вработени знаат како да се грижат за нив.

После следниве податоци, сигурно ќе се предомислите ако се препознавте погоре.

За да ја направите работната околина поубава и поконцентрирана на продуктивноста, еден од наједноставните начини е да си донесете цвеќе.

14555752_10211286784393230_1967809862_n

Истражување направено во 2014 година, а објавено во  Sunday Times предизвика голем интерес. Крег Најт, човекот кој бил на чело на истражувањето изјавил: “Тоа е новата мода за минималистите, монохроматски стил кој ги задоволува менаџерите бидејќи има дава чувство на контрола”.

Студијата, која вклучила академски образовани луѓе од Англија, Холандија, Австралија кои дошле до заклучок дека растенијата во канцеларија ја зголемуваат работната сатисфакција, фокусот и создава подобра перцепција во однос на квалитетот.

14543484_10211286784353229_658317832_n

Продуктивноста се зголемува за 15 %, што е факт кој не треба да се занемари. Колку пошарена слика, поубав пејзаж во канцеларијата, толку подобро за работата.

Уредувањето со цвеќињата е ваш избор, вие треба само да ги донесете и да му дадете живот на работното сивило.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот