Ноќниот живот во Скопје? Драги маченца, урбан дебилизам

0

Како би го опишала ноќниот живот во нашиот град? Со два збора драги маченца – урбан дебилизам. Саде пијани и допингувани ликови. Сите сме искомплексирани, некои помалку, некои повеќе, некои го кријат тоа со шминка, некои со скапа облека, некои со црта пикнати во WC. Мора да си хај за да се забављаш, мора да издржиш на нога додека лицемерно се поздравуваш со секој небитен во твојот живот, бидејќи многу е битно да го направиш тоа, иначе каде? Урбанизам на секој чекор, колку ти душа сака. Напнато, тензично и скроз џаначко Скопјенце.

Сите етикетирани, некои као „фраери“, некои као „спонзоруши“, некои као „урбани“ – ова клише не само што не умира никако, туку расте и тоа со брзина на светлината.

Пропаднати врски и пропаднати бракови уште во првиот месец од „судбоносното да“ ради глупи и неоргазмични сексови, ама битно е да се дружиме, нели драги маченца?

И додека опаѓа соживот помеѓу народот правопропорционално расте вашето его.

Се пљука по се живо и мртво, се лечат фрустрации по социјални медиуми… Како и да свртиш, сиромашки сме колку во џебот толку и во душата.

Дали вака ќе ја воспитувате младината, вашите деца? Нее… Вие ќе си џомнете од државава мислејќи дека ќе попримите култура во другите, поголеми и урбани градови, бидејќи сакате бегство од градот што ве потсеќа на тоа што го носите во себе, во душата. Не бидете лигави, насмејте му се на вашето бедно его, зачистете си ги опинците и напијте се вечерва некоја фина пијачка за која што сте одвоиле од вашата плата и не се секирајте ич за промените. И онака ќе ги преспиете.

Автор: Скопска блогерка

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.