„Њујорк Тајмс“ пишува за скриените убавини на Македонија

0

Познатиот светски дневен весник Њујорк Тајмс вчера нè изненади со уште една приказна за Македонија, во која за нашата земја пишува како за држава со огромно богатство „скриено“ пред нашите очи.

Овој пат приказната ја пишува Елизабет Зак, а таа почнува вака:

„Секој турист што го посетил Балканот сигурно слушнал за драматичното менување на Скопје, главниот град на Македонија, Дваесет и пет години откако државата на мирен начин извојува независност од поранешна Југославија, нејзиниот главен град доживува вистински „лифтинг на лицето“: изградба на околу 40 споменици, скулптури, фасади и и згради.

Трансформацијата има за цел да го избрише пост-советското влијание и да привлече туристи. Минатата година и јас бев една од нив. Каде и да се завртев, се чувствував мала споредено со сјајните, огромни статуи на Александар Велики и неговите родители Филип II и Олимпија, поставени на главните плоштади.“

Потоа таа пишува:

„Студентот по уметност и историја, Небојша ми понуди фасцинантен преглед на римските, византиските и отомански корени на Охрид; за наследството на нивните просветители (првиот словенски универзитет бил воспоставен тука во деветтиот век од страна на Св. Климент и Наум); и за стотиците други цркви кои некогаш ги краселе ридовите, наводно по една за секој ден од годината…“

Ама, не ви откриваме сè. Целиот текст и сите фотографии објавени во Њујорк Тајмс можете да ги видите тука.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот