Низ игра развивајте го мозокот кај бебето

0

Покрај тоа што играњето со бебето е секогаш забавно за родителите тоа е и од големо значење за развојот на психологијата кај бебето. За играта да биде продуктивна родителите треба да обрнат внимание на начинот на кои што играат со бебето.

Треба да се запрашате зошто е потребно вниманието на бебето да е постојано активно? Мозокот на бебето напредува многу побрзо отколку кај возрасните.

Во однос на игрите, родителите можат да се послужат со веќе познатите игри како:

Криенка

Ова е одлична игра за анимација на мало бебе. Она што е важно пред да ја почнете играта е да воспоставите контакт со очи. Потоа следете ги реакциите кај бебето и уживајте во играта.

Музика

Која било која со музика или пак само пуштањето на музика започнето го така што вие први ќе почнете со пеење на некоја песна, следејќи ги реакциите кај малечкото.

Baby-Activities-551x374

Контакт

Игрите подразбираат телесен контакт. Почнете со нежни допири кога го земате во раце бебето. Интензитетот на играта нека се одвива според неговите реакции.

Не по секоја цена

Секогаш внимавајте бебето да биде расположено за играње, не го правете тоа  по секоја цена. Ако забележите дека бебето се загледало во нешто и тоа му е поинтересно, оставете го да ужива во истражувањето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.