Ниската самодоверба често е последица од физичко казнување во детството. Зошто ваквиот начин не е решение?

0

На темата „физичко казнување на децата“ секогаш се одвиваат жестоки дискусии. Едниот став е дека потребно е понекогаш да се казни детето на овој начин за да научи лекција, а другиот став е дека е апсолутно непотребно бидејќи има соодветни воспитни мерки и начини како да се постигне саканиот ефект.

Децата кои се казнувани физички од своите родители се склони кон проблеми со менталното здравје, асоцијално однесување во возрасна доба, покажаaт некои истражувања.

Когнитивни тешкотии и зголемената агресија се забележани на анализата на резултати на разни истражувања во последните 50 години. Оваа студија е објавена во “Journal of Family Psychology” и е спроведена од истражувачите на Универзитетите во Тексас и Мичиген.

Тие го користеле терминот „шлапкање” за да го означат удирањето на детето по задник со отворен екстремитет.

Откриле 13 негативни исходи од ваквото казнување, меѓу кои агресивност, асоцијално однесување, негативен однос кон родителите , ниска самодоверба и пониски когнитивни способности.

Повременото „шлапкање” на детето е многу распространето, но во последно време се повеќе се преиспитува неговата ефикасност во примената. Анализите покажуваат дека ваквиот начин на казнување не влијае врз подобрување на однесувањето на детето. Напротив, се поврзува со негативни развојни последици.

Истражувањето е спроведено од UNICEF и покажало дека 80% од децата во светот биле дисциплинирани со удирање како метод на казнување.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот