Nina Box Macedonia на Саемот за венчавки

0

Седмиот Саем за венчавки кој се одржа минатиот викенд во хотелот „Александар Палас“ беше одлично место да се видат новитетите во оваа област. Различни брендови ги прикажаа своите последни дела. За отворањето беше подготвена свечена програма на која имаше модна ревија на венчаници и машки костуми, проследени со специјален перформанс.

За идните младоженци имаше и посебни подароци и специјални изненадувања.

На манифестацијата две звучни имиња ја обединија својата креативност и прикажаа необични и впечатливи креации: „Nina Box Macedonia“ и „MCouture by Mila Kadriu“.

Во комбинацијата со венчаниците на дизајнерката Мила Кадриу, посетителите можеа одблизу да го видат уникатниот накит на Nina Box.

Nina Box е француски накит со уникатен дизајн, наменет за сите девојки и жени што сакаат да бидат во тренд, но и да се разликуваат од другите. Парчињата се впечатливи, изработени од SWAROVSKI кристали, дизајнирани од најдобрите француски мајстори на стилот. Oва е оригинален бренд за накит којшто е вистински избор и одговара на сите модни трендови.

А како изгледаше ревијата на накит, погледнете во продолжение:

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот