Не им дозволувајте на децата да седат пред компјутер и ТВ

0

Децата се нашата иднина, но нема иднина за тие кои претерано користат технологија. Потребен е заеднички труд за да се намали количината на технологија во детскиот живот. Американската педијатриска академија и Канадското здружение за педијатрија препорачуваат децата до две години воопшто да не се изложуваат на технологија, од 3 до 5 тоа да биде најмногу до 1 час дневно, а од 6 до 18 години не повеќе од два часа дневно.

Но, ова се препораки на кои никој не обрнува внимание. Истражувањата покажуваат дека децата се изложени на технологија 4 до 5 пати повеќе од препорачаната “доза” преку телефони, таблети, играчки конзоли кои само го забрзаа овој процес.

Уредите влијаат на развојот на мозокот. До втората година од животот, мозокот на детето трипати ја зголемува величината и продолжува непрекинато да се развива до 21 година. Раниот развој е условен со влијанието на опкружувањето. Претераната изложеност на технолошките уреди негативно влијае на функционирањето на мозокот и предизвикува недостаток на внимание, забавен развој на когнитивните функции, отежнато учење, зголемена импулсивност и намалена способност за самоконтрола како напади на бес и слично.

Употребата на технологија го ограничува движењето и води кон забавен развиток. Секое трето дете денес тргнува на училиште со заостанат развој, што лошо се одразува на описменувањето и академските достигнувања. Користење на технологијата пред наполнети 12 години значително влијае на развојот на детето и неговата способност за учење.

3

Гледањето телевизија и играњето видео игри е поврзано и со дебелината. Децата кои имаат дозвола да гледаат телевизија или играат игри во својата соба, 30% од нив имаат прекумерна тежина, а на третина од нив им се заканува можноста да добијат дијабетес.

Три четвртини од родителите им дозволуваат на децата да употребуваат технологија во детските соби, а 60 % од нив немаат увид во тоа како тие ја употребуваат технологијата. Во таквите случаи, 9 од 10 деца имаат проблеми со недостаток на сон што лошо се одразува на оцените во училиште.

2

Преголемата употреба на дигитални уреди има врска и со зголемената депресија и анксиозност кај децата, како и со синдромот на пореметување на вниманието. Секое шесто дете во Канада има дијагноза на ментално пореметување.

Како што родителите се повеќе се врзуваат со технологијата, така и децата ќе заглавуваат се повеќе. Во недостиг на поврзаност со родителите, децата ќе се насочат кон користење на технологијата и ќе стануваат зависни. Секое единаесетто дете на возраст помеѓу 8 и 18 години е зависно од технологија.

1

Зрачењето е уште еден фактор кој влијае на здравствената состојба. Светската здравствена организација во 2011 година електронските направи ги прогласи како потенцијално канцерогени.

Многу причини кои би требало да влијаат на помала употреба на дигитални уреди.Чекор кој треба да го преземеме сите возрасни и препораки кои крајно време е да се сфатат сериозно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот