Никола Маџиров, прв гостин во Крокодиловата куќа

0

Македонскиот писател Никола Маџиров, е прв гостин годинава во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград.

Тој е 62. автор гостин во таа „Куќа на писатели“. На 17 јануари ќе настапи како специјален гостин на книжевната вечер на писателската Ане Ристовиќ и во рамки на Крокодиловата книжевна вечер, а на 24 јануари во културната установа „Пароброд“ на која ќе зборува за поезија, за сопственото творештво и за наградите.

Никола Маџиров е роден во 1973 година во Струмица. Тој е лиричар и есеист, преведувач и уредник. Координатор е на меѓународната мрежа за лирика „Lyrikline“ и во тоа својство е надлежен за Македонија, а бил и уредник во списанието за книжевност „Блесок“.  Неговите песни се преведени на 30 јазици.

Извор: 24vesti.com.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.