Никогаш не треба да ја прескокнувате паузата за ручек додека сте на работа!

0

Дали правите пауза за ручек додека работите, без разлика дали тоа го правите од дома или сте во канцеларија? Прашањето од голема важност бидејќи новите истражувања покажаа дека бројот на луѓе кои прават пауза за ручек опаѓа се повеќе, што дирекно влијае на нивното здравје.

Наместо да стануваат од работната маса, да излезат надвор од канцеларија и да си дозволат квалитетен оброк, тие остануваат пред екранот на компјутерот и јадат набрзина.

На овој начин на работа најсклони се вработените на возраст од 18 до 24 години кои велат дека немаат време да го напуштат работното место за време ручек.

z

Луѓето кои јадат за масата каде што работат и бираат брз и нездрав оброк, помалку се движат, а што е најинтересно се помалку продуктивни иако цело време се пред екранот.

Оброците не мора да се консумираат во ресторан, истите можат  да се подготват од дома и да се јадат на отворено, наа клупа во парк. Важно да биде надвор од канцеларија каде вработениот ќе  дише воздух, ќе јаде умерено и ќе се врати подготвен за работните обврски кои му преостанале.

Ако пак работното место дозволува флексибилно време, тогаш е уште подобро бидејќи на тој начин продуктивноста се зголемува уште повеќе.

Затоа, не ја прескокнувајте паузата за ручек, излезете надвор, протегнете нозе и дури потоа вратете се на работните обврски.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот