Ник Вујичиќ во Скопје

0

Големиот светски говорник, мотиватор, хуманист и човек со длабока вера во Бога – Ник Вујичиќ – ќе биде централна фигура на големиот хуманитарен настан во Скопје на 16ти Април, 2016та во СРЦ “Борис Трајковски”. Ник Вујичиќ е Австралијанец со српско потекло. Роден е со тетра-амелија синдром, односно роден е без раце и нозе. Но, без разлика на ваквиот животен старт, тој денес е успешен, целосно самостоен и секогаш со желба да инспирира нови победи кај секој од нас.

Со купување на билетот чија цена ќе биде 100 денари, секој од присутните лично ќе придонесе за подобрување на севкупните услови на лицата со посебни потреби. Сите собрани средства ќе бидат донирани на проекти, организации и установи кои работат со лица со посебни потреби.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.